Заев: Нема несогласувања меѓу Шекеринска и Димитров
Меѓу министерката за одбрана и потпретседателка на Владата Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров нема никакви несогласувања. Се работи за двајца колеги во Владата меѓу кои има доверба и одлична соработка, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали со повикувањето на амбасадорот Васко Наумовски на консултации во Скопје излегува на виделина несогласувањето меѓу двајцата министри.
- Веројатно некогаш кога некој го кажува своето мислење за одредени работи, тоа не значи дека постои резерва во соработката. Ние сме само транспарентни и секогаш отворено зборуваме за нашите очекувања, чувства и надежи. Довербата е голема, а повикувањето на амбасадорот Наумовски на консултација е работа на министерот. Тој ги знае сите детали како и што треба да се постапува, рече Заев.
Додаде дека лично не се согласува со избрзаните реакции во одредени изјави на амбасадорот заради тоа што мора сите да водиме грижа и да му се даде шанса на процесот за решавање на спорот со името.
- Тој беше на консултации овде и се усогласивме за стратегискиот пристап на нашата земја кој секој на различни нивоа го претставува, но едно сигурно усогласивме - мораме да бидеме внимателни, а не може да бидеме дивергентни и спротивни во изјавите, дури и недозволиво сензитивни ако тоа целосно го урниса процесот за кој граѓаните, ние како власт и опозиција, вложуваме толку напори за конечно да се најде решение, нагласи премиерот Заев.
Според него, министерот Димитров е професионалец и верува дека ќе постапи онака како што е најдобро за државата.
Ново на Сител
-
Герасимовски: Поставивме 720 фотоволтаични панели на покривот на ООУ „Киро Глигоров“
-
Руско МНР: Најмалку 31 цивил е убиен во украинската офанзива врз рускиот Курски регион
-
Царината заплени облека, обувки, бижутерија, чанти, очила, рачни часовници, камагра, жилети, парфеми, техничка стока
-
Утре и во среда локални врнежи од дожд, потоа стабилно со пораст на температурите
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
ЕУ одвои уште над милијарда евра за справување со последиците од ланските поплави низ Европа
-
Познати најуспешните македонски компании за 2023 година во првите 10 категории на „Бизнис лидер“
-
Македонски државјанин фатен на граница откако предизвикал сообраќајка при обид да шверцува стока од Косово