Заев негативен на Ковид-19
Негативни се резултатите за коронавирус кај лидерот на СДСМ Зоран Заев, објави министерот за здравство Венко Филипче.
-Се продолжува со препораките, а тоа е самоизолација од една недела за двајцата лидери со оглед на тоа што контактот со зболениот бил пред една недела. Сите оние кои досега имале контакт со нив не се во никакво ризик и не треба да се тестираат, рече Филипче.
Претходно беше објавено дека негативни се резултатите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.
Двајцата лидери беа испитани откако беше потврдено дека позитивен на коронавирусот е новинарот во чија емисија гостуваа.
И Заев и Мицковски утринава напишаа на своите Фејсбук профили дека се во самоизолација и оти се чувствуваат добро.
Министерот за здравство Венко Филипче претпладне на вонредна прес-конференција информираше дека двајцата лидери од денеска се во задолжителна домашна изолација.
Во текот на денот ќе се направат анкети и точно ќе се знае бројката на лица кои ќе одат во самоизолација.
Од двете партии информираа дека лицата кои биле во секојдневен контакт со нив ги преземаат сите препораки од здравствените власти. И од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ немаат информации колкумина од нивните блиски опружувања се во самоизолација или се веќе тестирани, туку само нагласуваат дека се преземаат сите превентивни мерки.
Од ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека лица со кои лидерот на партијата Мицкоски бил во секојдневна комуникација се веќе тестирани и оти нивните тестови се негативни.
Новинарот, кај кој е потврден вирусот, е хоспитализиран во ГОБ „8 Септември“. Според информациите што ги објави утринава министерот за здравство, тој е во стабилна здравствена состојба.
Попладнево на прес-конференција во Владата, директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат информираше дека новинарот бил во контакт со член од блиската фамилија кај кој е потврдено присуството на вирусот.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење