Заев: Не треба да се прави драма за хонорари од илјада евра во СЈО

СЈО беше создаден капацитет во оваа држава, а дали некој направил криминал треба да се докаже во институциите низ постапка и со докази, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Јовановски во врска со хонорарите што ги исплаќало СЈО.
-Ако некој земал ијада евра не треба да се прави некоја драма. Премиерот зема околу 80.000 денари плата, пратениците доаѓаат до 100.000 денари со патни трошоци. СЈО ги распределувало средствата од рамки на буџетот кој им бил доделен – рече Заев, истакнувајќи дека не треба да се дозволи со леснотија да се гази институцијата.
Тој додаде дека судството и обвинителството се уште се заробени а како аргумент во таа насока наведе дека само 3 отсто судии и обвинители од вкупниот број се нови.
-Ќе речете дека изборни малверзации на избори немало? Дека „Космос“ не беше урнат? Дека немаше 5 посто провизија за автопатите? Сите ги слушнавме овие разговори, но законски треба да се утврди дали има докази и да се понесе одговорност – порача Заев.
Премиерот му реплицираше на Јовановски дека не може зад превезот на македонштината да го брани криминалот.
-Македонштината се брани со одговорност – порача Заев.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
-

Мицкоски: За 2 години Владата создаде 17 илјади нови работни места - повеќе од владите на СДСМ за 7 години
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворено - 7 се активни, а 3 под контрола
