Заев: Не сум оптимист дека до 22 јуни може да се реши прашањето со Бугарија
Премиерот Зоран Заев не е оптимист дека до 22 јуни може да се дојде до решение со Бугарија, а со тоа и до одблокирање на процесот за почнување на преговори на Северна Македонија со ЕУ, пред се поради тоа што таму во моментов има техничка Влада. Тој најави дека најверојатно в четврток во Бугарија ќе има уште една средба со претседателот Румен Радев. Нема зијан, рече премиерот, доколку со бугарската страна заклучиме некаков договор кој потоа би бил верификуван од следната политичка Влада во Бугарија.
– Верувам дека во четврток ќе можеме да навлеземе детално во тие разговори. Она кое што морам да го кажам, имам чувство дека на 22 јуни нема да се реши затоа што Бугарија има техничка влада и нема Парламент. Но, не е невозможно да се реши. Зошто го кажувам ова. Да не ги дигнам очекувањата на сите заради тоа што реалноста е дека во Бугарија дека на 11 јули имаат избори. Но, истовремено имам чувство на одговорност пред нашиот народ да кажам дека наша должност е да направиме се. И нема зијан ако направиме дури и успех и заклучиме од прилика договор којшто би бил верификуван од следна политичка влада и од Парламентот, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по по повод доделување на првите договори за инфраструктурни проекти на 23 општини од ТАВ-програмата.
Според него, значајно е што нема дилеми за постоењето, автентичноста и потврдата на македонскиот јазик и македонскиот идентитет.
– Тоа не е прашање на разговори. Зборуваме за динамиката во месеци, во полугодија, во години или во континуитет на сите детали од секторската соработка во делот на рамката или патната карта. Зборуваме за интензитетот на свикување и гледањето на историската комисија од двете страни, но секако зборуваме и за креативниот дел на португалското претседателство којшто го даде како предлог за да може конечно пријателска Бугарија да ни даде пас односно позитивен одговор на закажувањето на првата меѓувладина конференција преку усвојувањето на преговарачката рамка, истакна премиерот.
Тој рече дека и вчерашната средба со бугарскиот претседател Румен Радев била многу важна, како продлжение на средбата што тој ја имал со претседателот Стево Пендаровски. Она што е важно, нагласи тој, е преку разговор точно да ги утврдиме водењето на грижа за важните работи и за Северна Македонија и за Бугарија преку предлогот од португалското претседателство.
Ново на Сител
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево
-
Жалби до Управниот суд за изборните приговори, прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Во голем пожар во пристаништето Медулин уништени над 30 јахти | ВИДЕО