-->
-->
Заев: Не сум јас тој на кого свртела Катица Јанева
-->

- Не е точно дека сум се чул со Катица Јанева вечерта кога и е одземен телефонот. Тоа се веројатно шпекулации, изјави премиерот Зоран Заев на валадината конференција.
Заев одговори по информациите во јавноста дека доскорешната специјална јавна обвинителка непосредно пред одземањето на нејзиниот телефон од обвинителството за случајот Рекет свртела меѓудругото на висок владин функционер и дипломат. Јанева наводно со телефонските повици го спречила нејзиниото приведување.
- Јас за луѓе кои се бореле за правдата аполутно стојам зад нив, стојам зад нив и невини се додека не се докаже дека се инволвирани во криминал, рече Заев.
Тој вели дека обвинителствотто презело мерки преку одземање на нејзиниот телефон за да утврди дали постои инволвираност или соучество во случајот Рекет или нејзиното име е само злоупотребено.
Заев верува дека веројатно нејзиното име е искористено.
Катерина Нешкова
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
