Заев: Најлесно е нешто да одложите, предизвик е да го спроведете – пописот носи политики за посреќен живот
Сите велиме дека не знаеме кога ќе заврши пандемијата, никој не ни знае да одговори на тоа, но ние и правиме штета на државата, трошиме кој знае колку пари затоа што немаме попис, тоа е алатка која се користи на секои 10 години за правење ефикасни политики, политики за развој на економијата, политики за подобар стандард и посреќни граѓани. Знаете, најлесно е нешто да одложите, прашање е дали ќе прифатите предзвик да го спроведете, истакна премиерот Зоран Заев, во вестите на Сител.
Тој направи споредба со ланските обиди на опозицијата да ги одложува парламентарните избори до недоглед, но во ваква ситуација на неизвесност никоју не знае каква ќе биде здравствената криза следната година.
-Изборите ги одложувавме до јули, опозицијата велеше да бидат во септември, а каква ни беше систиацијата есента? Непроменета беше. Со оглед дека никој не може да гарантира каква ќе биде ситуацијата за шест месеци или една година, тогаш зошто да одложуваме. Тоа што можеме да го направиме денес, да не го одложиме за утре. Други држави одложуваат оти имале пописи пред десетина години, а ние? Ние имавме во 2002 година последен попис, заклучи Заев.
Ново на Сител
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
-

Уапсен 28-годишник од гостиварско, пронајдени кокаин и марихуана
