Заев на средби со лидерите на партиите на Албанците договара средба со Иванов

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска имал средба со првиот човек на ДУИ Али Ахмети, го посетил и претседателот на ДПА-Движење за реформи Зијадин Села, а најави и средба и со неговиот колега од Беса Билал Касами. Тема на овие средби, според Заев, не било формирање влада туку заедничка средба со претседателот Ѓорѓе Иванов за да се потврдат заложбите за зачувување на унитарноста на држвата.
- Не разговараме се уште за кабинет или слично затоа што треба да се даде мандатот. Прво договоривме следни чекори што треба да бидат од наша заедничка страна како коалициони партнери зад кои стојат 67 потписи. Целта е лидерите на партиите зад кои стојат 67 потписи да изразиме подготовка да го посетиме господинот Ѓорге Иванов во неговиот кабинет. Да му потврдам од името на нас сите коалициони партнери, сето она што наводно беше негова загриженост, а тоа е унитарноста на државата, почитување на Уставот, нашето мултиетничко општество, реформите економските перспективи, сето она што беше можна или изговор, дилема да ја наречам во општеството. Сите се за план со којшто ќе му помогнеме на Иванов да има причини да се даде мандатот, рече Заев.
Во однос на очекувањата дали Иванов ќе го додели мандатот Заев рече дека тој лично очекува оти тоа ќе биде сторено и оти ги прифатиле барањата на претседателот.
- Колку и да беше тоа неразумно ние го прифативме и еве Собранието има нов претседател и тој испратил писмо до него. Ќе одам лично и ќе му ја доставам програмата на новата влада и лично ќе гарантирам од мое име и од името на нашите потенцијални партнери во новата влада и се надевам дека тоа ќе биде на почетокот од идната седмица и конечно да биде доделен мандатот изјави Заев.
Околу можноста новиот претседател Талат Џафери да закаже седница на Собранието Заев посочи дека најпрвин тој треба да направи увид во состојбата на парламентот, дали системот функционира и што се случува со местата каде што работат и одлучуваат пратениците.
- Парламентот треба брзо да заседава, да биде подготвен да бира Влада и да донесе одлуки за одложување на локалните избори, а тоа се прави само со промена на Изборниот законик, рече Заев.
Претседателот на СДСМ попладнево во тетовската болница го посети претседателот на ДПА – Движење за реформи Зијадин Села кој беше повреден во настаните во македонското Собрание минатиот четврток.
- Овие трауми низ коишто поминаа сите граѓани вклучително и ние пратениците да не се повторат никогаш повеќе во Македонија. Драго ми е што мојот колега Зијадин Села напредува и е во добра здравствена состојба, рече Заев.
Ново на Сител
-

Во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица), нормализиран на преминот Ники (Меџитлија), непречено се одвива на ГП Дојран
-

Вандалски чин во центарот на Штип, оштетна урбана опрема и новогодишни декорации
-

Ѓорѓиевски: Се унапредува спортската инфраструктура во скопските средни училишта
-

Зеленски: Наскоро ќе им доставиме на Американците финализирана верзија од мировниот план
-

Сиљановска-Давкова го одликуваше американскиот генерал-мајор Најт со Орден за воени заслуги
-

Со 3,66 промили алкохол во крвта агресивно се однесувал кон полицајци
-

Вучиќ: Ќе предложам ЕУ заедно да ги прифати сите кандидати од Западен Балкан
-

Мицкоски: Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да биде примен ниту еден мигрант
