Заев на средби со Јункер, Тајани, Могерини и Хан во Брисел
Премиерот Зоран Заев престојува во дводневна работна посета на Брисел, каде, како што е најавено, денеска ќе се сретне со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, со претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и со еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан.
- Со претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и еврокомесарите Федерика Могерини и Јоханес Хан уште еднаш ќе ги потврдиме нашите партнерски односи на патот на исполнување на стратешката цел Република Македонија да стане членка на ЕУ, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.
Ова се и пораките што тој вчера, како што пишува, ги испорачал и на трибината „Македонија и регионот на Западен Балкан на патот кон членството во Европската Унија“ што ја организира Центарот за европски политички студии (CEPS).
- Дојдовме со аргументи дека се создадени позитивни случувања по долгиот, одложен процес на нашите интеграции во ЕУ. Продолжуваме да даваме резултати со силна посветеност и несомнена политичка волја, во интерес на граѓаните. Тука сме да ја покажеме подготвеноста на Република Македонија и да ја убедиме Европската комисија да донесе одлука за отпочнување на преговори за нашата земја во првата половина од 2018 година, наведува Заев.
Македонскиот премиер ќе учествува и на трибината „Македонија по шарената револуција: Нови можности за успешно пристапување во ЕУ“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт во Брисел.
Во делегацијата што ја предводи премиерот Заев се и вицепремиерот Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.
Ново на Сител
-
Влада: 250 евра ваучер за сите студенти за електронски уреди и 30.000 евра поддршка за новите бизниси за млади
-
Новите сириски власти на три месеци ќе ги „замрзнат Уставот и парламентот“
-
Синот на Трамп објави монтирано видео од неговиот татко како го клоца Зеленски во глава
-
Магазинот „Тајм“ го избра Трамп за личност на годината
-
Во израелски напади во Појасот Газа загинале 38 лица
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Кривична пријава против три физички и две правни лица, го оштетиле државниот буџет за 5,768,612 денари
-
Папата Франциск во пораката за Светскиот ден на мирот повика на простување на долговите и на помирување