Заев на средба со инспекторите пред да носи одлука за разрешувањето на Пауновски
Прво ќе ги сослуша вработените во Пазарен, потоа очекува разрешување на нивниот директор Пауновски. Премиерот Заев најави дека на утрешната седница ќе се бара смена на првиот човек на Пазарниот инспекторат затоа што не ги почитувал законите, ниту пак етичкиот кодекс.
-По кои членови од увидот на образовниот профил на лицата кои се опфатени во планот за распределба, е утврдено дека 24 вработени кои треба да бидат преземени на работни места од категорија помлад соработник ги исполнуваат општите посебни услови односно условот, видот на образование да биде соодветен на описот на работното место. Ова значи дека овие лица може да бидат преземени како административни службеници. Членот 5 од Законот за преземање на административни службеници, вработени преку К-5 програмата во МПС и односи меѓу заедниците е донесен во декември 2020 година, рече Заев.
Со петиција вработените на Пазарниот инспекторат побараа средба со премиерот и повлекување на решението за смена на Пауновски. Средбата е закажана за утре изутрина. Не се исклучува можноста премиерот да се премисли откако јавно побара негово разрешување.
-Состанокот е да се слушнат нивните аргументи. Јасно ги знам прописите, правилата и етичкото постапување и јасно знам каде сака оваа Влада да стигне во својата поставеност, но секако не се сметаме за најпаметни и најинформирани, додава премиерот.
Несогласувањата на релација премиер – пазарен директор настанаа минатата недела откако Пауновски одби да ги потпише решенијата за вработување на 35те лица по Рамковен, кои тврди дека немале соодветно образование. Од нив, прифатливи биле само 12, а за останатите Пауновски јавно кажа дека нема место во инспекторатот и по цена да си оди од директорската фотеља. Во ваквата изјава премиерот препозна пркос и непочитиување на владина хиерархија, по што најави негова смена.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар