Македонија
17. March 2017 - 18:40

Заев на распит во скопското обвинителство

Лидерот на СДСМ Зоран Заев се јави на распит во основното јавно обвинителство Скопје кое го сомничи за изборен криминал.

Според информациите од истрагата на Заев му биле предочени доказите за незаконско финансирање на изборната кампања и поднесување лажни финансиски извештаи. Предметите кои се водат се однесуваат на двата последни изборни циклуси- во 2014та и 2016та година.

Заев по распитот изјави дека случајот кој се води против него и СДСМ е како реакција на предметите отворени од Специјалното јавно обвинителство.

Обвинителите минатиот месец преку соопштение потврдија дека водат постапка за Заев, одговорното лице за финансиите на СДСМ како и за самата партија за спроведувањето и финансирањето ан активностите за време на изборната кампања.

Според информациите од истрагата веќе се водат постапки из а високи функционери во МВР од минатите избори кога на чело на полицијата беше техничкиот министрер од СДСМ а се проверува и незкаонското купување гласови со стотици илјади евра во Струмица, Куманово и Скопје.

Обвинителството пред неколкуд ена отвори предмет против Заев и за злоушпотреба на службената положба и овластувањата при доделувањето тендери во општина Струмица. Се сомничи дека дури 4 пати склучил договор за асвалтирање на една улица наместо да распише јавен повик за доставување понуди за целокупната реконструкција.

Заев е обвинет и во случајот Поткуп, а беше обвинет и за случајот Пуч. Поранешниот претседател Црвенковски го аболицираше од сомнежите за криминал во случајот Глобал.