Заев: Можеме да бидеме Швајцарија на Балканот
Дебар секогаш бил пример за соживот. Јас сум учел токму од Дебар. Порачувам да си го сочуваме заедништвото, да се почитуваме и да не дозволиме никој да не дели заради политички цели, беше пораката на лидерот на СДСМ, Зоран Заев до дебрани на изборниот митинг одржан попладнево.
Исто така тој ги повика своите сопартијци и сите дебрани да го подржат Хекуран Дука, од ДУИ, за градоначалник „ кој го заслужува вториот мандат, како човек кој вреди, кој реализираше проекти во изминатите години за доброто на сите граѓани во општината“.
-Парарелно со решавање на проблемите, кои не беа решени 30 години, не ги заборавивме општините. За четири години во општините реализиравме 7.000 проекти со директна подршка од централната власт, изградивме 70 училишта, 60 градинки и многу други што се во интерес на локално ниво. Ја зголемивме минималната плата од 9 на 15 илјади, а догодина таа ќе изнесува 18 илјади. Од јануари пензиите ќе се пресметуваат според нова методологија, според порастот на просечната плата, а пензискиот фонд е стабилен. Невработноста на младите од 42 отсто се намали на 22 отсто а вкупната невработност од од 25 на 15,9 отсто, рече Заев најавувајќи продолжување со реализација на проекти, посочувајќи повеќе од нив за општина Дебар.
Тој рече дека донеле историски одлуки кои некој немал храброст да ги донесе.
-Станавме земја – членка на НАТО, што значи ја обезбедивме безбедноста и сигурноста, дома сме сплотени сите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми и другите, со сите соседи имаме добри односи и соработка, очекувам да го надимнеме и проблемот со Бугарија, на меѓународен план сме почитувани и земја со многу пријатели, додаде Заев.
Порача дека земјата ги има сите природни убавини и богатства и оти можеме да бидеме Швајцарија на Балканот „само што треба да бидеме единствени и да работиме на тоа“.
Пред дебрани се обрати и носителот на листата за советници во Советот на општината, Зеќир Демоски.
-На кандидатската листа се луѓе интелектуалци и профсионалци, кои ветувам дека ќе работат за интерсот на граѓаните. Ќе бидат присутни меѓу граѓаните како во градот така и во селата, за да непосредно ги слушнат проблемите, да ги презентираат во Советот и да бараат нивно надминување, рече меѓу другото Демоски.
На митингот присуствуваше и кандидатот за градоначалник, Дука, пратеничката во македонскиот Парламент од Дебар, Арбана Пашоли и членови на оваа партија.
Ново на Сител
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН
-
9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот
-
Пратенички прашања: Од резолуцијата во ОН, преку Коцевски, до кој какво млеко пие
-
Уште 8 амбасадори се пакуваат за дома
-
Заменик градоначалникот на Скопје си поднесе оставка - Арсовска тврди дека таа го разрешила
-
Македонија сака да увезува отпад од ЕУ - Пратениците расправаат за последиците од аерозагадувањето