Заев: Можеме 1000, 1200, 1800 миротворци од Авганистан да примиме
Премиерот Зоран Заев во своето гостување во Тема на денот на Сител ТВ рече дека на Авганистанците им е понудена помош бидејќи македонскиот народ од секогаш бил хуман, човечен, солидарен и примил хуманост, солидарност и човечност од остатокот од светот.
- Јас кажав во една изјава, прочитав не бев информиран дека првата земја донатор за возобновување на Универзална сала во Скопје е Авганистан. Далеку е Авганистан од тука, но нашиот народ добил помош во минатото многу и заатоа првата причина е хуманоста човечноста помеѓу нас и солидарноста. Втората причина е нашата обврска. Ние сме земја членка на НАТО иамме права, безбедност, сигурност, но имаме и обврски. 3500 македонски војници за овие 19 години од 2002 досега поминаа во Авганистан. Ова е „локал стаф“, локалното население кое работеше со нашите војници и со сојузничките сили на НАТО сите овие години 2002 се работи за миротворци, активисти за човекови права, жени, деца, преведувачи студенти, а никаде не се работи за милитарни луѓе, џихадисти туку тоа се интелектуалци луѓе членови на семејство на вакви интелектуалци кои работеле во сите тие мировни мисии, рече Заев.
Во однос на другите земји кои се членки на НАТО и имале свои мисии а не наоѓаат простор за да примат толку голем број на лица од Авганистан премиерот рече дека за него тоа е политиканство и политика.
- Јас слушам коментари токму од мојот опонент, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски кој излегува со тие тези: Зошто поголемите не земат повеќе? Зошто побогатите не земат повеќе? - за мене тоа е политиканство и политика и луѓето ни се изморени. Не треба да бидеш голем или поголем од другите за да покажеш големо срце, голема човештина затоа што таму дефинитивно се луѓе под закана од губење на живот, тоа се Талибанци, гледавме, што се случували во минатото, вели Заев.
Додава и дека нашата големина како народ сме ја покажувале и наша должност е да покажуваме.
- Како што реков ние се понудивме. И кога се објави тоа први беа Северна Македонија и Албанија кои се понудија и јас сум многу горд на таа работа, додава Заев.
Премиерот вели дека се уште не знае точно и колку има потреба да се примат луѓе од Авганистан, но вели дека нашите капацитети се во илјадници луѓе.
- Можеме 1000, 1200, 1800 луѓе да примиме и слично. Во моментов сме потврдени со 450, додека разговараме веројатно се потврдуваме некои нови 70 исто така миротворци и хуманитарци, изјави Заев.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајна несреќа на магистралата Гостивар – Кичево
-
Во Основниот суд во Куманово продолжи рочиштето против кумановскиот градоначалник Димитриевски
-
Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, смета претседателот на МАНУ
-
Ослободен од притвор синот на норвешката принцеза
-
Герасимовски: Нема да бидам дел од раководство на СДСМ, останувам посветен во општината
-
Кос: Очекувам Северна Македонија да го промени Уставот и после тоа навистина да го забрзаме процесот
-
Педесет и пет години постоење на Одделот за воздухопловни единици при МВР: Службата врши и хуманитарни мисии
-
Татко и син со мотор се судриле со „пасат“ на Ленинова