Заев: Мечкин Камен да биде темелник на помирување, заедништво и разбирање

Химната и Републиката се заедничкото на Илинденците од двата Илиндена. Хероите од нашата химна, Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандански, како и оние од НОБ, опеани во партизанските песни, се бореа за Републиката. И првите Илинденци и вторите, се бореа за иднината, а не за минатото, затоа и ние денеска, сите заедно, сме деца на Илинден, рече премиерот Зоран Заев во денешното обраќање на Мечкин Камен по повод 2-ри Август.
Како што нагласи Заев, првиот Илинден е симбол на заедничката борба за слободна и автономна Македонија, а вториот на победата над фашизмот. Затоа, Мечкин Камен не треба да биде камен на сопнување, туку камен-темелник на помирување, заедништво и разбирање.
-Не треба да чекаме повеќе, време е да стануваме и да се биеме, сами ние Македонците да се бориме за земјата. Нема подобар начин да им се оддолжиме на нашите херои, освен со продолжување на нивните храбри дела, оживотворени во Крушевскиот манифест и решенијата на АСНОМ, истакна Заев.
Продолжуваме, рече, да го негуваме концептот на едно општество и на заедништво, како наследство од Манифестот кое ги повикува соседите и пријателите на подобар живот.
-Продлжуваме со политиките на надминување на поделбите. Сите ние, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми,…, сметаме дека е патриотска должност да се обединиме и помириме внатре, порача Заев.
На чествувањето присуствуваат амбасадори и други високи меѓународни претставници, воени аташеа, претставници на политички партии, претставници од Мисијата на НАТО, граѓани, гости од речиси сите градови на државата.

По повод 116 годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република утрово бројни делегации положија цвеќе и се поклонија пред гробот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев во Македониумот на Гумење во Крушево. Цвеќе положија делегација од Кабинетот на претседателот на државата, делегација од Собранието, како и од Владата, делегација од Општина Крушево предводена од градоначалникот, делегација од Сојузот на борците на Македонија,… Почит беше оддаден и пред споменикот на загинатите Илинденци кај месноста Слива над Крушево.
Се одржа и панихида за загинатите Илинденци во црквата Свети Никола во центарот на Крушево.
Ново на Сител
-

Безбеден град: Започна примената на системот и за странските возила на ГП Табановце
-

Вучиќ: Наскоро српската армија ќе има 40 борбени авиони
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“
-

ЦУК: До 18 часот осум активни пожари и три под контрола
-

Десетици пожари беснеат во Србија, едно лице загина, ветерот го отежнува гаснењето
-

Во Скопје на 20 и 21 август авионска, а од 23 до 26 август терестична дезинсекција против комарци
-

Ангелов: Сѐ уште активен пожарот кај прилепското село Чаниште, не загрозува некое село
-

Клековски: Формирана комисија за надзор над случајот со родилката во Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци
