Заев: Ме претставуваат како предавник, но јас сум најголем патриот

„Поради Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и поради тоа што го исполнивме целосно Охридскиот рамковен тие се обидуваат да ме претстават како предавник, но јас се сметам за најголем патриот, затоа што македонскиот јазик и македонскиот идентитет никогаш порано не биле попризнаени и повтемелени на меѓународно ниво“, изјави претседателот на СДСМ и премиер – Зоран Заев, во интервјуто на Телевизија „Клан“.
Заев потсети дека пред 2017 година за целиот свет сме биле „ФИРОМ“ и деа во извештаите се користело „вашиот народ“ и „вашиот јазик“. Денеска, истакна Заев, сме Македонци, со македонски јазик.
Наспроти ова, од другата страна, смета тој, се политичките противници кои се против сите три договора иако тие договори, како што рече, ја етаблирале државата во меѓународен план.
„Веќе имаме избрани градоначалници кои водеа протести за ‘чиста Македонија’. Тоа не е иднината. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не употребува ‘Северна’. Како тој очекува да продолжиме кон Европската унија? Народот мора да знае дека евентуалното враќање на ВМРО-ДПМНЕ, кое нема да го дозволиме, ќе го крши Уставот, нема да го користи новото уставно име и во старт ќе провоцира барем една земја, а тоа е Грција. Ние почнавме соработка од милијарди евра и ризикот е огромен, а провокациите од таа конзервативна структурна, делумна и нацистичка во лицето на Левица, па донекаде и ВМРО-ДПМНЕ – не е иднината“, истакна Заев.
Ново на Сител
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Основците по неколку часа на ден гледаат содржини на телефон, до осмо одделение речиси престануваат да читаат книги
-

„Онкологија“: Вештакот од Србија укажува на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите
-

Случај „Ивана и Катја“: Стојанче барал 30.000 евра за да се повлече од станот, сведочеше братот на Ивана
-

Иран погуби младо момче кое учествувало во антивладините протести
-

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
