Заев-Марковиќ: Одлични билатерални односи и зајакнување на соработката како идни сојузници во НАТО
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружуван од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, претпладнето во Подгорица се сретна со премиерот на Република Црна Гора, Душко Марковиќ.
На средбата, соопшти владинатат прес-служба, се потврдени одличните традиционални и пријателски односи помеѓу двете држави, без отворени прашања, што одат во нагорна линија.
Заеднички било констатирано дека заокружувањето на членството на Република Северна Македонија во НАТО, дополнително ќе придонесе за стабилноста и безбедноста во регионот. Споделени биле и искуства за резултатите од НАТО интеграциите, како што се нови инвестиции, повеќе работни места, подобар животен стандард.
Исто така, заеднички е заклучено дека иднината на целиот регион е во Европската унија и оти таа стратешка цел нема алтернатива. На средбата било оценето дека проширувањето на ЕУ е неопходно да продолжи, бидејќи тоа е одржливата опција за мир, стабилност и перспективи на Балканот и на Европа.
– Продолжуваме со реформите и со инклузивните политики, како на политички план, така и на планот на нашиот концепт, Едно општество за сите, што успешно го развиваме. Продолжуваме да даваме аргументи дека нашето место е во ЕУ. ЕУ и НАТО интеграциите за нас немаат алтернатива. Интеграциските процеси веќе даваат резултати во економијата, повисоки плати, пензии, раст на минималната плата за 90 евра, раст на социјална помош за 300 проценти, рекол премиерот Заев.
На средбата било разговарано и за успешната соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Црна Гора во повеќе области од интерес на граѓаните, меѓу кои и социјалната заштита. Посочена е како позитивен пример експертската поддршка во развивањето електронски систем за следење еден корисник во социјалната заштита и во управувањето со случај, во делот на семеен социјален работник.
Ново на Сител
-
Пронајдени црните кутии во урнатиот товарен авион на ДХЛ кај аеродромот во Вилнус
-
Сиљановска Давкова и Филипче разговарале за политичките и безбедносните состојби и деблокадата на евроинтеграциите
-
Република Северна Македонија избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје
-
Приведени кавадарчани, кај нив пронајдени детектори за метал и сомнителни предмети
-
Приведен кумановец кој ограбил неколку возила
-
Арсовска: Долгот на централните власти кон ЈСП следната година ќе достигне десет милиони евра
-
Сѐ уште не се применува новиот Закон за употребата на македонскиот јазик
-
По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, 61 годишна мајка на свет го донесе Петар, тежок 2350 гр.