Македонија
2. September 2021 - 11:13

Заев: Максим тргна против Максим, во Куманово ќе победи СДСМ

На денешната прес-конференција премиерот Зоран Заев во врска со исклучувањето на Максим Димитриевски од СДСМ изјави дека тоа било негова одлука, тој се одлучил да истапи од СДСМ и да оди како независен кандидат.

„Кога ќе има спротиставен досегашен член во кој Социјалдемократскиот сојуз вложило во неговата иднина, во неговото работење, направило скалила да расте во својот личен рејтинг а и во својот општествен рејтинг. Максим Димитриевски се одлучи за тоа да истапи од Социјалдемократскиот сојуз и оди како независен кандидат, тоа беше негова одлука и Максим тргна против Максим и СДСМ на Центрлниот одбор треба оваа исклучување од партијата да го констатира.Во Куманово ќе победеи тој што победува веќе 30 години, а тоа е СДСМ“, рече Заев.