Заев-Која: Република Северна Македонија придонесува за домашната и регионалната безбедност, поддршка за напредокот
Актуелната политичка ситуација во нашата држава во пресрет на изборите била темата на денешната средба на премиерот Зоран Заев со шефот на Мисијата на ОБСЕ во земјава, амбасадорот Клеменс Која.
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата поздравени се политиките на Едно општество за сите во државата, како интегративен концепт со кој Република Северна Македонија обезбедува еднакви шанси за сите и придонесува во домашната стабилност, а со тоа и во стабилноста во регионот. Изразена е и поддршка за напредокот на државата во реформите, во добрососедските односи и за евроатлантската определеност на нашата држава.
-Работиме на реформскиот процес, на интеретничката кохезија и на искрени, пријателски односи со соседите и во регионот. Фокусирани сме проевропски затоа што тоа е стратешка цел за земјата, заедно со членството на НАТО. Ваквата определеност веќе ги дава првите развојни економски резултати со директно влијание врз подобрување на животот на граѓаните. Свесни сме дека има уште многу да се сработи, но токму поради тоа и сметаме дека интеграциите на Република Северна Македонија и на регионот немаат алтернатива. Ние сме одговорна Влада и работиме во насока на зајакнување на стабилноста во државата и во регионот, рече премиерот Заев.
На средбата е потенцирана важноста од почитувањето на човековите слободи и права, правдата и борбата против криминалот и корупцијата.
Ново на Сител
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови