Заев: Ќе соработуваме за напредок на регионот и за перспективите кон ЕУ

Самитот во Трст е навистина важен настан за Република Македонија, зашто зборува за перспективите на целиот регион за Западен Балкан кон Европската унија, но и за регионалното поврзување на целиот овој регион, оцени премиерот Зоран Заев кој ја предводи владината делегација на самитот „ЕУ - Западен Балкан“ што денеска се одржува во Трст.
Како што пренесува владината прес-служба, премиерот е задоволен од состаноците кои се одржуваат затоа што, според него, тие оставаат сериозен впечаток дека има одлична европска перспектива за Република Македонија и за регионот на Западен Балкан и дека пораките за отвореност за соработка ќе овозможат напредок на тој процес.
- Состаноците не само што ќе ја зголемат комуникативноста, поврзувањето, транспортот, соработката, економијата, помеѓу сите овие земји, јас верувам дека ќе испратат дополнително силен сигнал кон европските институции, фокусот на Европа сè повеќе да биде насочен кон самиот регион, поддржувајќи го самиот регион, за навистина вредностите, севкупни економски, квалитативни на целиот овој регион, да се приближуваат кон вредностите коишто Западна Европа ги познава, рекол Заев, додавајќи дека само на тој начин ќе се забрзаат сите процеси кон целосна интеграција на Република Македонија кон Унијата.
На прашање дали има нешто конкретно за Коридорот 8 и за износот за овој инфраструктурен проект, Заев одговорил дека ќе остави да бидат објавени точните цифри на крајот на самитот.
- Но, Македонија е голем добитник од овој самит. Процесите што денеска треба да бидат објавени како резултат во делот на конкретна поддршка за изградба на инфраструктура, се многу значајни за идните економски, и пред сè за севкупните перспективи на поврзување на Република Македонија во регионот и во Европа, истакнал премиерот Заев од Трст.
Ново на Сител
-

Николоски: Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизираме заедно со нив
-

Почина поетот, писателот и преведувачот Тихомир Јанчовски
-

Македонците кои трчаа на Tor des Geants | Катерина Шиповиќ и Жикица Ивановски | Sitel Podcast 137
-

Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос
-

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
