Заев ќе оди во Рим на средба со Конте, проширувањето ќе биде тема и во ноември
Премиерот Зоран Заев на 29 октомври ќе оди во Рим на средба со претседателот на италијанската Влада, Џузепе Конте, по најавите на Италија дека ќе побара повторно отворање на прашањето за проширување на ЕУ во ноември.
Заев во интервју за „360 степени“ потврди дека на покана на италијанскиот премиер ќе го посети Рим, како и дека проширувањето треба да биде тема на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК), што ќе се одржи на 19 ноември. Сепак, вели дека веќе не е толкав оптимист.
– Сега јас малку ќе закочам со мојата надеж и оптимизам, нели, бев најголемиот оптимист. Ние да си работиме, а тие, дај Боже, побрзо да одлучат да ги отворат поглавјата за нас, односно да ја донесат одлуката за почеток на преговорите. Јас ја поздравувам секоја иницијатива. Италијанскиот премиер Конте е многу гласен, тој ги дава изјавите. Ме покани. Јас сум во вторник на 29 октомври во 13:30 часот кај него. Ќе се видиме, ќе имаме изјави, ќе имаме заеднички ручек и од таму заминувам на последната вечера на Федерика Могерини со нас премиерите на Западен Балкан. Конте ме кани токму за таа тема, ми кажуваат дека во ноември треба да се одржи ГАК, кадешто треба да се врати темата на проширувањето, а тоа е добро за мојата земја. Веќе работат и други премиери, да не зборувам од АЛДЕ груп, се вклучени доста премиери. Работи ЕПП, работат моите социјалисти и социјалдемократите на ова прашање. Но, тоа е дебата којашто треба внатре да ја решат, изјави Заев.
На прашањето како го коментира размислувањето на претседателот на Франција, Емануел Макрон дека на некои од земјите кандидати за членство во ЕУ, наместо тоа може да им се понуди стратешко партнерство, Заев истакна дека за Северна Македонија нема друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ.
Премиерот на Италија, Џузепе Конте, по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел на кој не беше донесена одлука за старт на преговрите со Скопје и Тирана, оцени дека тоа е историска грешка. Најави дека ќе побара да се поправи грешката и повторно да разговара за датумот за преговори со Северна Македонија и за Албанија веќе во ноември.
Ново на Сител
-
Изгласана Резолуцијата за Сребреница во ОН – 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот:
-
Тројца повредени во сообраќајка на крстосницата кај Башино Село на автопатот над Велес
-
Претседателката оствари телефонски разговор со Зеленски: Украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво
-
63-годишен маж демнеел женско лице од Дебар по што и го украл телефонот на работното место
-
Графитите избришани, сторителите непознати, насликана нова содржина на монументот на гостиварскиот кеј
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола