Заев ќе ги прими мајките на средба еден ден откако тие ќе почнат на работа
Премиерот Зоран Заев денеска не ги прими претставниците на мајките кои протестираа пред Владата. Како што тврдат тие, средба им била закажана за в четврток во 11:00 часот.
-Првиот термин кога господинот Зоран Заев, нашиот премиер ќе има време ги прими мајките што не знаат што да им прават на своите деца е во четврток во 11:00 часот. Сега јас, во името на сите мајки ќе го прашам премиерот Зоран Заев што ќе правиме на таа средба доколку на 23 си остане одлуката, доколку на утрешната владина седница тие се решат да си останат на својот збор да се вратиме на 23, па што ќе си раскажеме во четврток кога јас лично нема да можам да присуствувам. Треба сите деца што ги имаме запишани во градинка, голем дел од мајките чекаат одговор на 23 во еден термин во 08:00 часот да ги оставиме сите во градинките каде што имаме барања, да им ги оставиме децата на половина час во дворот, зашто нема да ни ги примат, па не знам можеби тогаш министерката ќе даде поконцизки изјави за тоа каде во градинките има слободни места, вели Дијана Петрова.
Мајките тврдат дека вне во сите градинки има место за упис на нови деца. Дел од нив стравуваат да ги испратат во градинки бидјеќи стравуваат дека нивните деца би можеле токму таму да се заразат со Ковид-19.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година