Заев: Каква било промена во Уставот не значи трајна гаранција за Грција
Промената на било што во правниот систем Македонија не значи трајна гаранција за Грција, бидејќи се што се менува може да се врати назад, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање за барањата од Атина за промена на Уставот како гаранција за евентуалното решени на спрото за името.
- Многу е важно да го практикуваме тоа што целиот свет го знае, а тоа е меѓународна позната пракса на решавање на вакви спорови и тогаш останува вечно. Јас сум убеден дека преку ваквите пристапи, водејќи грижа колку е тоа важно за граѓаните на Грција и на Македонија, можеме и да го најдеме решението на спорот што го имаме со Грција, рече Заев по денешното рочиште за случајот „Поткуп“ во Кривичниот суд.
Во однос на пишувањето во грчки „Катимерини“ за постигнување согласност во три поглавја, премиерот посочи дека е затворено прашањето со иредентизмот, со чекорите кои ги направи Макендонија односно со промена на имињата на автопатот во „Пријателство“ и аеродромот во Скопје.
- Разговарано е и за во иднина, после можен договор, да се формираат работни групи кои ќе ги проверат учебниците од двете страни за да не се остави незгодна трага кај младите генерации за да негуваат пријателство наместо непријатеклство, изјави премиерот Зоран Заев.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Прв говор на Трамп пред Конгерсот, аплаузи и скандирања
-
Опозицијата ја бојкотира денешната седница, инцидентите во српскиот парламент ќе ги расветлува обвинителството
-
Мицкоски не се видел со Груевски во Будимпешта, ќарот од Унгарија е милјарда евра
-
Мицкоски: Ни го распродаде македонскиот јазик, а сега се зборува за албанскиот
-
10-годишно дете заврши на хирургија, откако врз него паднала гранка од дрво
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко
-
Палчо: На денот на убиството на Вања бев во банка