Заев: Излегуваме од кризата
За сите протести, стоиме на располагање да разговараме за деталите, изјави денеска премиерот Зоран Заев, коментирајќи го најавениот попладневен протест на угостителите кои организираат свадби.
Во одговор на новинарско прашање, Заев истакна дека македонската економија живее и дека реализацијата на Буџетот е 99,5 проценти. Очекува напролет земјава да излезе од кризата и да се постигне очекуваниот раст на економијата.
– Во време на излез од кризата, лично имав став да завршиме со поддршка на платите. Да бараме излезно решение преку подигнување на профитабилноста, преку нови инвестиции, враќање на 10-15 илјади работници на работа. Како во цела Европа, така и ние, очекуваме напролет излез од кризата. И де факто излегуваме од кризата. Ги гледаме бројките и податоците. Верувам дека економиите во светот, па и нашата, не можат да опстојат долго со локдаун, бариери, тешка психологија која влијае врз сите. Мора да работиме сите, рече Заев, додавајќи дека во иднина ќе се генерираат мерки кои ќе поттикнуваат раст и развој.
Ново на Сител
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот
-
Пазарен ќе проверува како се растат цените по маркетите – Мицкоски најавува жестока акција
-
Седница на Советот на Град Скопје
-
Ги забавуваа скопјани за Нова Година, ама цела година ги чекаат парите од Град Скопје
-
Нова спортска сала