Пазарен ќе проверува како се растат цените по маркетите – Мицкоски најавува жестока акција
Пазарниот инспекторат ќе ги проверува цените во макркетите, откако граѓаните се пожалија дека наместо поефтини производи, плаќаат повеќе за основните продукти кои не се опфатени во новогодишната кошничка. Премиерот Мицкоски најавува жестока акција на инспекторите за да се утврди како цената за млекото, маслото за јадење, јајцата, брашното драстично е зголемена во изминатите 30 дена.
-Јас со трикови не функционирам и тие што мислат дека ќе функционираат со трикови, се лажат. Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи, сега да го прават со драматично зголемување на некои други призводи како маслото, лебот, јајца, брашно. Жестоко ќе се спротиставиме со оние што мислат дека не надмудриле. Срамота е ова што го прават пред празниците што доаѓаат. Сакавме да покажеме добра волја, а видете како враќаат, рече Мицкоски.
По најавената акција на Мицкоски, опозицијата обвинува дека токму тој бил виновен за состојбата. Бараат да им се извини на граѓаните, за како што велат направената измама.
Сега треба да признае дека тој е автор на оваа огромна кражба на граѓаните во маркетите и дека во договор со трговците е дојдено до оваа ситација. Тој ги остави намерно и непречено да ги качуваат цените со месеци пред да стапи на сила мерката. А кога стапи на сила мерката цените само се качија а не се намалија. СДСМ со месеци укажува на тоа дека Мицкоски и Владата заедно со трговците кројат план и сега тој план конечно се потврди. За ова Мицкоски мора политички да одговара, велат од СДСМ.
Во услови трговците ги покачуваат цените, а синдикатите предупредуваат дека потрошувачката кошничка поскапела за 840 ден, владата најавува повисоки плати за сите од следната година за подобрување на стандардот, но не и за функционерите.
Со мерката „Новогодишна кошничка“, која важи до 15 јануари, се опфатени повеќе од илјада производи.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар