Заев: Интервјуто беше дадено за да работи позитивно во Бугарија
Премиерот Зоран Заев во денешното гостување на Радио Канал 77 зборуваше за интревјуто за бугарската агенција БГНЕС. Вели дека не се кае за тоа што го кажал и напоменува дека интервјуто било наменето за бугарската јавност.
-Идентитетските прашања се прашања за кои Заев ниту никој, нема да преговара. Жезелна завеса од 48 година има поставено меѓу Југославија и Бугарија. Заради политиките. Јас како струмичанец се сеќавам на свиждањето после тоа. За да се зближат народите. Администрацијата во Бугарија тогаш е власта во Бугарија, одлучила да се приклучи на Третиот рајх, не го прашале народот. Наместо „бугарски фашистички окупатор“, „бугарска фашистичка рака“, треба да ги смениме со „фашистички“. Лидерите треба да водат, јас не се каам на тоа што го кажав. Знам дека ги газам првите чекори на градење на пријателство. Да зборувам отворено: Интервјуто беше дадено за да работи позитивно во Бугарија. И Борисов е многу често критикуван дома затоа што отворено зборува за македонски народ и јазик. Лидерите што не калкулираат и не ја ставаат во прв план својата политичка кариера, вели Заев.
Ново на Сител
-
Зеленски: Украина е максимално конструктивна во разговорите во Саудиска Арабија
-
Имамоглу суспендиран од функцијата градоначалник на Истанбул
-
Куп на ЕХФ: Алкалоид ремизираше против Минаур Баја Маре
-
Со едночасовен молк во скопскиот Градски парк стотина млади оддадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани
-
Во Ријад почнаа разговорите на делегациите на САД и Украина
-
Двајца осомничени, илегално пренесувале амфетамин од Скопје до Гевгелија
-
Во Белград се одржа првиот состанок на Движењето за народот и државата
-
Насилство на скопската обиколница, предложен притвор за осомничениот