Заев и Пендаровски летаат со економска класа бидејќи владиниот авион е на сервис
Премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски летаа со редовни авионски линии бидејќи владиниот авион е на сервис. Тие минатата недела на своите профили на социјалните мрежи објавија слики како седат во економска класа во комерцијални авиокомпании пишува сдк.мк.
Од Службата за општи и заеднички работи на Владата за сдк.мк потврдуваат дека авионот „лирџет 60“ не е во земјава туку на редовен сервис во Нирнберг, Германија.
Претседателот Стево Пендаровски на 11 јуни замина на средби во Брисел со редовна авионска линија со преседнување во Љубљана, а и премиерот Зоран Заев во саботата од Виена се врати како патник во економска класа со комерцијален лет.
При посетата на Брисел од кабинетот на претседателот Пандаровски информираа дека дека претседателот патува со редовна авионска линија. Во саботата беа објавани и фотографии од премиерот Заев сликан со патници на летот од Виена до Скопјe.
Ниту од Кабинетот на Пендаровски, ниту од Владата не информираа дека претседателот и премиерот летаат со редовни линии оти владиниот авион е на сервис.
://sdk.mk
Ново на Сител
-
Реконструиран стадионот „ССК” во Драчево
-
Орбан: Унгарија е против влез на Украина во ЕУ
-
Мицкоски со честитка по повод 9 Мај - Денот на Европа: Денес го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи
-
Уапсен убиецот и четворица помагачи во врска со убиството во Штип, сите државјани на Турција
-
Уапсен е убиецот што уби студент вчера во Штип
-
Бајден вели дека „презема одговорност“ за враќањето на Трамп во Белата куќа
-
Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин
-
Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност