Заев и Анѓушев со порака до германските бизнисмени: Во Северна Македонија има поволни услови за инвестирање
Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска се сретнаа со претставници на дел од најголемите компании во Германија на кои им порачаа дека во Северна Македонија има поволна клима за инвестирање.
Заев пред германските бизнисмени, како што соопшти владината прес- служба, истакнал дека политичките и демократските промени во државата создале поволна клима за економски развој и средина што има сериозна поддршка за странските инвеститори.
– Постигнатите резултати од 4,1 проценти раст на БДП во првиот квартал од годината, за разлика од рецесијата од -1,8 проценти во истиот квартал пред две години, растот на индустриското производство и падот на невработеноста за речиси пет проценти за две години, се само дел од резултатите што ги дава поддршката на владините политики за поддршка на бизнисот. Заедно со бизнисмените од комерцијалниот сектор, создаваме услови бизнисот да прави профит, но и да го забрза развојот на земјата, рекол Заев, најавувајќи дека ќе продолжат политиките за реформи во јавната администрација со цел таа да биде сервис за бизнисот и граѓаните.
Вицепремиерот Анѓушев посочил дека државната поддршка за странските инвеститори оди до 50 проценти од вкупната инвестиција по повеќе основи.
– Уште повеќе нашите политики обезбедуваат предвидлива и одржлива средина за старт и за развој на инвестициите. Поддршката на домашните компании ги прави соодветни партнери на странските компании, а условите што ги креираме во трговските и индустриските развојни зони обезбедуваат европски стандарди за компаниите што сакаат да започнат „гринфилд инвестиција, рекол Анѓушев.
Германските бизнисмени, велат од Владата, ги истакнале досегашните позитивни искуства од соработката со Северна Македонија и со компаниите од земјата и се согласиле дека позитивниот севкупен развој отвора нови перспективи за соработка и за нови инвестиции.
Ново на Сител
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето