Заев: Фашизмот бил зло, но не може да кажете дека цела нација била фашистичка
Назначувањето или именувањето на фашистичкиот окупатор, или давањето на етничка димензија на фашистичкиот окупатор не е дел од работата на историската комисија.Таа го работи делот на историските моменти на тоа што се случувало, кој каков ревозуцинер или партизан бил, одговори премиерот Зоран Заев на прашањето дали ќе стане член на историската комисија, по изјавите за бришењето на „бугарски“, пред „фашистичкиот окупатор“.
-Политички аспект е дел од политиката и затоа го дискутирам. Не можете да ги осудите и децата на тогашните генерации и сите генерации дека биле фашисти, етнички. Фашизмот бил зло, појава која во тоа време било присутно, но не може да кажете дека цела нација била фашистичка, рече Заев.
Тој порача дека нема да испорачуваат ништо до бугарската влада се додека не добијат поддршка и гаранција од неа.
-Ние нема да испорачуваме конкретни чекори додека не добиеме поддршка. Ние имаме договор и очекуваме Бугарија да биде пријател и поддржувач на евроатланскиот процес, додаде Заев.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива