Заев: Документот на „Викиликс“ е причина повеќе да се излезе на референдум
– Премиерот Зоран Заев денеска коментирајќи ги документите што ги објави „Викиликс“ дека уште во 2008 година било прифатено името „Република Северна Македонија“ изјави дека тоа е уште една причина повеќе да застанеме сите заедно и да и обезбедиме сигурна иднина на државата.
- Верувам дека ваквите докази кои излегуваат во јавноста ќе бидат уште една причина да застанеме заедно сите и да и обезбедиме и осигураме добра иднина на Македонија, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по денешното потпишување на договори за финансиска поддршка за отворање бизнис- акцелератори за млади.
Додаде дека многу влади се труделе да изнајдат решение и оти и претходната влада се обидувала да најде решение и добро е што сега е потврден македонскиот идентитет.
- Знаете дека ги поседував разговорите кои сега се кај Специјалното јавно обвинителство. Многу влади се труделе да изнајдат решение и претходната влада се трудела. Дел од решението во делот на името и неговата севкупна употреба или како што се нарекува „ерга омнес“ било прифатено и во делот на Северна и во делот на Горна Македонија и драго ми е што ние добивме потврда на целокупниот наш идентитет - македонскиот јазик која што беше важна цел поставена на преговарачкиот тим, рече Заев.
Во документ на американската амбасада во Скопје што го објави Викиликс се наведува дека уште во 2008 година официјално Скопје дало согласност за промена името во „Република Северна Македонија“ ,,под услов тоа да вклучува признавање на македонскиот јазик и националноста“.
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка