Заев: Декларацијата за слободно движење на Западен Балкан е во духот на европската економска агенда и Берлинскиот процес

Декларацијата за слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал на Западен Балкан, што ја потпишавме со Србија и Албанија, јавно ја објавивме, е во духот на европската економска агенда и Берлинскиот процес комплетно и само даваме еден нов импулс.
Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање по неговата работна средба со стопанственици во индустриска зона „Новини“ во кумановското село Речица.
Немаме намера, посочи, да правиме паралелелен процес од ЕУ и нашето место, на сите шест земји од Западен Балкан е безалтернативно во ЕУ и нема дилеми.
– Но, ако ги забрзаме процесите ако меѓусебно ја интензивираме соработката, ако трговијата почне со поголеми проценти од 10 проценти да расте, а расте сега со нешто повеќе од 10 отсто, може да расте со 20 отсто, со 30 отсто, ќе не почитува и Западот повеќе. Ако ги искористиме тие капацитети ќе ја направиме нашата економија уште поконкурентна да се бори со западноевропските економии. Ако го здружиме целиот регион, кога инвеститорот ќе инвестира во Куманово и вели ми требаат 25 инженери, а имам 15, ќе може слободно од целиот регион да бара инженери и квалификувана работна сила. Сето тоа ќе значи дополнителни странски и домашни инвестиции за целиот Западен Балкан и тоа се сериозни причини, истакна Заев.
Потенцира дека бараат поддршка од стопанските комори, без кои не можат, заради тоа што го прават пред се за стопанството, истовремено еднакво и за граѓаните за полесен проток севкупно.
– Како што гледате насловот е четирите европски слободи, за ЕУ слободите зборуваме, а тоа се слободата на движење на капиталот, луѓето, стоките, и услугите. Тоа се тие четири вредности. Тоа ако го овозможиме веруваме дека многу полесно ќе се доближуваме до европските стандарди, додаде Заев.
Ново на Сител
-

ОЈО ГОКК побара притвор за Јованов во истрага за поткуп за лиценца - Судот ќе одлучува утре
-

Медицински факултет: Избраните кандидати беа далеку подобро рангирани од д-р Василевски - не беше доведен во понеповолна положба
-

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов, Кривичен суд ќе одлучува утре
-

Осуденичка од САД преживеала егзекуција - не ја усмртиле ниту две дози смртоносна инјекција
-

Советот на Град Скопје донесе одлука за намалување на бројот на предвидените нови вработувања во јавните претпријатија и установи
-

Од денеска до 5 октомври пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Цар Самоил добива саркофаг од македонски мермер со натпис „Самоил во Христа Бога, цар на Бугарите“
-

Неверојатен случај во Фиџи: 40 килограми кокаин чувани како доказ во суд исчезнале и биле заменети со брашно
