Заев дава исказ за „Поткуп“
Премиерот Зоран Заев денеска во новата заграда на Кривичниот суд дава изјава како обвинет во предметот „Поткуп“.
Заев рече дека како градоначалник на Струмица 12 години на сите граѓани им излегувал во пресрет за сите нивни барања. Кажа дека членови на неговото семејство соработувале со Иван Николов и неговите компании. Заев посочи дека имал добра соработка со сите струмички бизнисмени, вклучувајќи го и Иван Николов и оти тој никогаш не бил доведен во непријатна состојба пред него како градоначалник ниту пред општинските органи на Струмица.
- Сум помагал затоа што верувам дека е чесно и добро да се помага. Таков беше и случајот со синот на Николов кој се најде во незгодна ситуација при турсистичко патување во Дубаи. Тоа беше пред случајот со монтирањето на овој предмет, рече Заев.
На денешното рочиште треба да бидат изведувани и докази од одбраната.
На минатото судење без присуство на јавноста беше пуштена целата видео снимка поради која Зоран Заев се товари за примање поткуп.
На претходните рочишта Заев бараше снимката од ПИ-мерките да се пушти јавно, но Апелацискиот суд не го дозволи тоа. Според него, со емитување на скратената верзија од снимката му била нарушена честа и угледот.
Премиерот Зоран Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе им овозможи на кандидатите за членство целосен пристап до средства од инструментот „Глобална Европа“
-
Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп
-
Божиновска за ветерниот парк кај Штип: Силен сигнал за стабилни инвестиции и зелена транзиција
-
Медиуми: Франција и Италија одбиваат да купуваат американско оружје за Украина преку НАТО
-
ОЈО Битола постапува во случајот со примање поткуп во Болницата во Битола, повеќе детали се најавуваат за утре
-
Пожар од прскалка на роденденска забава во Свети Николе
-
Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага
-
Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена