Заев: Црвенковски не може да биде друго освен СДСМ
Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на партијата Бранко Црвенковски ќе формира нова партија. На шпекулациите дека Црвенковски ќе се здружи со незадоволните членови на СДСМ во нова партија, Заев вели дека треба новинарите да го прашаат поранешниот претседател.
„Претседателот Црвенковски не може да биде друго освен СДСМ, затоа не верувам во вакви приказни кои се присутни во јавноста дека тој ќе формира нова партија, но дефинитивно треба да го прашате. Тој беше претседател на партијата долг период, претседател на државата. Верувам дека шпекулациите како и за многу други работи се присутни. СДСМ покажа сериозно единство и во време на опозиција и преземање на власта. Нашата намера е така да продолжиме. Ние на овие избори повторно ќе настапиме со единство, ќе ги избереме најдобрите кандидати. Граѓаните очекуваат да ги препознаеме вистинските ликови за да ги номинираме. Внимателно слушаме, истражуваме преку анкети“, рече Заев.
Тој додаде дека во СДСМ секогаш имало различни мислења, како и дека некогаш се прифаќаат предлозите на членовите, некогаш раководството ги повлекува предлозите бидејќи не се прифатени од членовите, а се со цел да се чуе сечие мислење и да се спроведе тоа што е најдобро.
Ново на Сител
-

Законот за високо образование пред владина процедура - дел од фелата оценува дека суштински измени нема
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ пред студентите: Потребен е јасен сигнал од Брисел за проширувањето
-

Продолжи судењето Онкологија 1 со сведочење на вештакот од Србија
-

Тешки сведоштва за насилството врз Ивана и Катја
-

Полицајците на обвинителна клупа за „Пулс“, но судењето не почна
-

Крмзов во инвалидска количка на првото рочиште за затајување данок
-

Мицкоски очекува Савески да реотвора предмети, за Филипче обвинителот бил под контрола на власта
