Заев – Ципрас: Договорот од Преспа ја смени реалноста меѓу двете земји и создаде нова, позитивна динамика во регионот

Преспанскиот договор ја заслужува севкупната поддршка од двете земји, нагласија на вечерашната средба, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас, кој е во нашата земја на покана на угледниот магазин „Економист“ како еден од главните говорници на Самитот за Западен Балкан – „Зајакнување на моментумот на европските интеграции“ што ќе се одржи утре во Скопје.
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата одржана во срдечна и пријателска атмосфера, двајцата соговорници разговараа за придобивките од Преспанскиот договор.
-Решението постигнато со договорот потпишан во Преспа ја смени реалноста меѓу двете земји и создаде нова, позитивна динамика во односите меѓу земјите во регионот, заклучија премиерот Заев и поранешниот грчки премиер Ципрас.
Низ разговорот, се додава, беше констатирано дека од 17 јуни, минатата година соработката меѓу двете земји се продлабочува, откако беше поставена на темелите на договорот за ново пријателство и стратешко партнерство.
На средбата Заев и Ципрас, се посочува, констатираа поголем број придобивки како што е зголемената трговска размена за 20 отсто за само една година, покренатите постапки за нови гранични премини меѓу двете земји, блиската соработка во сферата на одбраната како дел од заедничките политики што произлегуваат од НАТО во делот на безбедносната контрола на небото над Северна Македонија (Аir Policing), како и зајакнувањето на соработката во повеќе други области.
-На средбата во кабинетот на премиерот Заев заеднички беше поздравено скорешното полноправно членство на нашата земја во НАТО, чија завршна фаза – ратификацијата на Протоколот за пристапување, започна токму во парламентот на Република Грција, се посочува во соопштението.
Двајцата соговорници на средбата ја поздравија силната поддршка за отпочнување на преговорите меѓу нашата земја и ЕУ, за која оценија дека доаѓа не само како резултат на Преспанскиот договор и позитивните ефекти на решавањето на билатералниот спор меѓу Северна Македонија и Грција, туку и заради исполнувањето на домашните реформи, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
