Заев-Буриќ: Реформите и политиките за добрососедство отвораат перспективи за Македонија
Позитивните реформски промени и политиките за добрососедство отвораат перспективи за Македонија, оценила хрватската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Пејчиновиќ-Буриќ на денешната средба во Скопје со премиерот Зоран Заев.
Владината прес-служба соопшти дека вицепремиерката Пејчиновиќ-Буриќ истакнала дека премиерот Заев внел позитивен дух на придвижување на сите процеси важни за граѓаните и за државата и посочила оти охрабруваат чекорите на Владата кои отвораат перспективи кон посакуваните интеграции.
Таа ги поздравила и политиките на добрососедство што ги води македонската Влада и порачала дека тоа е патот кон обезбедување на политички стабилна и економски просперитетна држава.
Премиерот Заев нагласил дека Македонија е влезена во сериозни реформи.
- Работиме низ дијалог со сите политички и општествени чинители во општеството на национален реформски план, како и на затворање на сите прашања што стојат на патот на перспективите на Република Македонија кон ЕУ и НАТО. ЕУ и НАТО интеграциите значат мир и стабилност, но и економски развој, нови работни места и квалитетен животен стандард, рекол Заев.
На средбата е пренесена и поддршката од Хрватска за евро- атлантските аспирации на Македонија, а во делот на трговската соработка оценето е дека се создадени услови за нејзино унапредување. Разговарано е за продлабочување на соработката во инфраструктурата, енергетиката, здравството, социјалата, земјоделството, животната средина, како и за примената на искуства од Хрватска во делот на локалниот развој.
Изразена е и заедничка определеност кон грижа за потребите на дијаспората во двете држави. Во тој контекст, премиерот Заев нагласил дека Македонија се гради во едно општество за сите граѓани, во кое еднакви шанси имаат и ќе имаат и хрватските граѓани.
Ново на Сител
-
Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП
-
Адеми: Недозволиво е да се носат законски измени по примерот на Кривичен, без да се консултира судската фела
-
Работен ручек на Фон дер Лајен со лидерите од Западниот Балкан
-
Кривична пријава против осум лица и три компании поради смртоносната сообраќајка во која загинаа татко и син
-
Следните два дена променливо облачно време, викендот сончево со пораст на температурата
-
Мицкоски за посетата на Брисел: Подготвивме најквалитетен документ за Планот за раст, ќе ги одбраниме и националните интереси
-
Претрес во Куманово, приведено едно лице
-
Дурмиши: Цените нема да се замрзнат, маржата ќе се ограничи до 10 отсто