-->
-->
Заеднички напад на руски и турски воени авиони во Сирија
-->

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руски воени авиони заедно со турски воени авиони нападале упоришта на Исламска држава во сирискиот град Ал-Баб, североисточно од Алепо.
Официјален претставник на Министерството за одбрана изјави дека тоа е првпат да се здружат руски и турски воздушни сили.
Генерал Сергеј Рудској додаде дека тоа е договорено и со сириската Влада.
-->
-->
-->
