Заедничка воено-акробатска вежба на гардистите на армиите на Северна Македонија и Хрватска
Со изведување на точката „Егзерцир“ и воено-акробатска вежба, припадници од Баталјонот за почести од Армијата на Република Северна Македонија и од почесната чета на Вооружените сили на Република Хрватска денеска пред трговскиот центар „Бисер“ презентираа изведби на строева извежбаност во работа со пушка.
Жителите на Аеродром имаа можност покрај познатата точка на македонските и хрватските гардисти да слушнат и кратка изведба на Воениот оркестар на Армијата, кој во претходниот период имаше повеќе заеднички настапи со воени оркестри на други армии, меѓу кои последниот беше во април кога настапија со воените оркестри на уште четири армии.
Активноста се спроведува врз основа на билатералната воена соработка за изведување заедничка обука меѓу двете армии, а ова е првпат припадници на овие две гардиски единици да имаат заеднички настап.
На денешниот настап, кој беше отворен за јавноста, присуствуваа државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ, директорот на Генералштабот, генерал-мајор Зоран Милески, претставници од Амбасадата на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Министерството за одбрана и Генералштабот, Општина Аеродром, Град Скопје, воено-дипломатскиот кор и други.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка