Зачести палењето контејнери во Радовиш заради фрлање пепел и жар во нив

Заради фрлање жешка пепел и жар изинативе денови зачестено е палењето контејнери во Радовиш, информираат од радовишкото Јавно претпријатие „Плаваја“.
– Чадот од запалениот отпад во контејнерите покрај непријатната миризба и глетка, најчесто содржи штетни материи по здравјето на луѓето, кои се распространуваат во околината на запалениот контејнер, а се вдишуваат и од самиот несовесен граѓанин и од членовите на неговото семејство, неговите деца, внучиња, роднини, пријатели и соседи, додаваат од радовишкото комунално претријатие.
Комналното претпријатие апелира до граѓаните да не фрлаат жешка пепел и жар во контејнерите и со тоа ќе придонесат сите заедно да живеат во чиста животна средина и амбиентален воздух. Од таму ги повикуваат граѓаните доколку забележат лица како истураат жар и пепел во контејнерите или на друг начин го палат отпадот да ги пријават во комуналното претпријатие или во комуналната инспекција.
Ново на Сител
-

Сабаленка за вирусот на турнирот во Мадрид: Слушнав дека треба да ги избегнувам тие такос
-

Македонија со јасна енергетска трансформација и конкретни резултати – силна порака од ЈЕСКО во Берлин
-

ФБИ и МВР во акција во Голема Речица: Откриен нелегален онлајн пазар вреден 500.000 долари
-

Приведен 26-годишен дрвокрадец од скопско | ФОТО
-

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
-

Избори за ректор на УКИМ – ќе се гласа за кандидатите Биљана Ангелова и Дарко Данев
-

Информативна сесија за примената на Законот за работно ангажирање на лица
-

ФИФА има намера да ги промени правилата за дисквалификација од жолти картони за СП 2026
