Забрането за деца – нов „хит“ на македонските свадби

Е сега тоа не е доволно следи нова „наредба“ – не ги носите вашите деца. На социјалните мрежи деновиве се дебатира за новината на поканите за свадба на кои се потенцира дека вашите малечки дечиња не се добродојдени на прославата.
-Добив покана за свадба. Пегла, мисксер, сервис за јадење пречкртано. Пликото е штиклирано, а децата пречкртани. На крај пишува „се молат гостите да не прават глупости“ – пишува девојка на фејсбук видно револтирана од поканата што ја добила.
Дел од корисниците на социјалните мрежи се револтирани од ваквиот однос на младоженците:
-Да ми дојде некој и да ми каже не носи деца. Ни сакам да го видам ни на свадба да му дојдам. Едно е јас да одлучам да ги оставам, друго е да се непожелни.
Или друг коментар:
-Како бе забранет пристап за деца? Зошто трчале, плачеле и го пипкале фустанот на невестата?! Јас лично би идела без дете да бидам раат, може зошто немам прилика па ми е желба. Ама да ми забрани некој… Тоа е и повеќе од безобразно. Сите нешо модерни се борат за права на животни, гејови. Прифаќање на различности. А ок ви е забранет влез за дете? Што е наредно, забрането трудна. Што и така само седи и јаде со соблечени кондури под маса. Чим нешто ова е мода, јас би забранила пијани сватови што смараат се што е у суќна и сваќи употени што те тегнат за на оро.
Но мислењата се поделени. Девојка во дебата на една од женските групи на Фејсбук објаснува дека таа е една од невестите кои „забраниле“ деца на свадба:
-Тоа ми беше единствениот услов кога правев свадба пред 7 години. Никако мали деца. И сите гости ми ја испочитуваа желбата. Имам трауми од свадби каде имало мали дечиња, плачат, се тегнат, прават сцени, туркаат луѓе… Ќерка ми ја однесов само на свадбата кај сестра ми и девер ми, еден краток период, и после дома со баба и дедо. И толку. Ако немам кој да ми ги чува, а сум имала и такви ситуации, и дома сум седела, па не е крај на светот.
Тука следуваат приказни како на свадба на блиски детенце од 3-4 години му се пикнало меѓу нозе на еден маж додека играл оро и успеал да го сопне. Човекот паднал, маж од 100 килограми, се удрил, а можел и врз детето да падне.ж
-Да не ги изоставам и деталите со плачење на маса, тегнење чаршафи, фрлање прибор итн – коментираат оние кои се ставаат во одбрана на ваквите забрани.
Дали вас би ве изреволтирал знак „забрането за деца“ на поканата за свадба која вашата пријателка ви ја дала?!
Република.мк
Ново на Сител
-

Шефицата на дипломатијата на Гренланд по средбата со Венс и Рубио: Притисокот беше неподнослив
-

Измамена 54-годишна жена - и ветиле стан во Скопје и работа за нејзината ќерка како цариник
-

Тепачка на скопскиот аеродром
-

Приведено лице од кумановско, со возило удрил и физички нападнал полициски службеник
-

Забранети уште 33 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа – вкупно 307
-

Николоски - Агелер: Македонија и САД се стратешки партнери, кои ќе продолжат да работат на јакнење на економските врски и на суштинските реформи
-

Бебето што почина било хоспитализирано поради обилно повраќање, соопшти болницата во Кавадарци
-

УХМР: Викендов постудено - дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините
