Забранет протест на опозицијата во Подгорица

Црногорската полиција поради безбедносни причини не дозволи утре да се одржи протест на опозицскиот Демократски фронт (ДФ) пред Парламентот во Подгорица.
ДФ бараше од полицијата дозвола за мирен собир од 17 до 23 часот, но полицијата го забрани протестот.
- Собирот не може да се одржи на местото и во времето во кое е закажан, бидејќи не се исполнети законски услови, се наведува во полициската одлука.
Полицијата проценува дека постои безбедносен ризик и оти може да се случат инциденти на собирот, што е најавен кога и прославата по повод една деценија од независноста на Црна Гора.
ДФ посочи дека Владата првпат забранува собир на политичка партија и оти се работи за политички прогон.
ДФ нов протест закажа на 26 мај, кога ќе биде одржана првата седница на преодната Влада.
Ново на Сител
-

Горивата и неделава ќе се точат по исти цени
-

Преглед на вестите од светот
-

Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да не ја блокираат интеграцијата
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

ВМРО-ДПНЕ: Зошто маршираше Филипче во Прилеп?
-

Дали Безбеден град ќе го промени однесувањето на возачите и пешаците
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
