Македонија
7. January 2017 - 16:52

Забрана за сообраќај на патот Куманово - Св. Николе во двете насоки

На патниот правец Куманово - Св.Николе е воведена абрана за движење за сите видови возила во двете насоки.

Како што соопшти АМСМ, забраната за одвивање на сообраќајот е воведена во 14:20 часот, бидејќи на коловозот има возила и се работи на расчистување на патот.

Пополаднево од 15:10 часот повторно е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар, додека на патниот правец Куманово – Крива Паланка сообраќајот се одвива отежнато поради наноси од снег

На планинскиот премин Плетвар и патниот правец Маврово – Дебар се уште важи забраната за движење на тешки товарни возила, поради врнежи од снег затворени се за сообраќај патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце

 Сообраќајот на сите останати државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите, по интервенција на екипите на Македонија пат.

 АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.