Забрана за риболов во периодот на природен мрест на рибите
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе решение за забрана за риболов во риболовните води во периодот на природен мрест на рибите за оваа година.
Забраната се однесува на риболовните подрачја, риболовните ревири и рекреативните зони, а периодот на забрана е различн за секој вид риба.
Забраната за вршење риболов во период на мрест е предложена од концесионерите за да се овозможи природен мрест на рибите.
Со решението, како што информира Министерството, концесионерите на рибите за организирање рекреативен риболов на одделните риболовни ревири и рекреативни зони се должни за периодот на забрана да ги известат рекреативните риболовци, а Македонската риболовна федерација да ги извести концесионерите, на својата веб страница да објави известување за периодот на забрана по поединечни риболовни ревири и рекреативни зони и по одделни видови риби за кои се носи забраната.
- Забраната за вршење риболов во одделни риболовни води и видови риби се донесува заради овозможување непречен природен мрест на рибите, врз основа на доставениот предлог за забрана на риболов од Македонската риболовна федерација, на барање на концесионерите на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони, велат од МЗШВ.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата