-->
-->
Забавата се претвори во пекол: 13 лица изрешетани среде журка
-->
Тринаесет лица се ранети во пукотница на една семејна забава во градот Бриџпорт во американската сојузна држава Конектикат, соопшти денеска локалната полиција.
Во соопштението се додава дека во таа прилика едно лице е тешко рането.
Инцидентот се случил во раните утрински часови, а полицијата тврди дека во пукањето учествувале најмалку двајца напаѓачи, кои не присуствувале на таа забава.
Вооружените напаѓачи пукале преку оградата од дворот на куќата во која биле присутните кои завршиле со огнострелни повреди.
11 лица се здобиле со повреди кои не се опаси по живот.
Еден маж е ранет во лице, додека една жена е во критична состојба.
Полицијата се уште не ја знае причината за пукањето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реконструкција и проширување на патот Пеленица – Драчево
-
По 50 години почна реконструкцијата на салата „Работнички“
-
Преглед на вестите од светот
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори