За згрижување во новата градинка во Зрновци пријавени над 50 дечиња
Општина Зрновци, особено внимание посвети на еден од најприоритетните проекти - Изградба на детска градинка со цел згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст. Објектот е во целост завршен, поставена е целокупната опрема, а извршено е и партерно урадување.
По направениот увид од страна на стручни лица од Министерството за труд и социјална политика, општината е во очекување на добивање одобрение од министерството за труд и социјална политика, а потоа веднаш и со отпочнување со работа.
- Инвестицијата во детска градинка која е од капитално значење, претставува инвестиција во сигурна иднина за најмладата генерација. Децата заслужуваат соодветна грижа и заштита. Со ова ќе се осигури процесот на социјализација неопходен за правилен раст и развој на децата, изјави денеска градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков.
За престој во градинката имаме пријавено околу 50 дечиња, но таа бројка не е конечна, очекуваме таа да достигне до 70 дечиња. - Се надевам дека распишаните локални избори нема да бидаат пречка за добивање на одобрението за работа, со оглед на потребата и итноста од нејзино отварање, истакна Станков.
Инаку градинката во Зрновци е градена со средства од ИПА фондовите на Европската заедница во висина од 230 илјади евра. Опремата во градинката е целосно обезбедена од Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-
Тешко повреден мотоциклист во судир со трактор во Струмица
-
Убиена е жена во Сараево: Уапсени се сопругот и свекорот
-
Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Струга
-
СДСМ утре избира нов лидер на партијата
-
Македонски државјанин возел 205 км на час во Австрија, одземени му се возачката дозвола и автомобилот
-
Активиран „Амберт алерт“ во Грција, киднапирано е девојче
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Трамп: Кај Бајден не се проблем годините, туку неговата способност