-->
-->
„ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА: Утре излегуваме уште помасовно
-->
Граѓанската иницијатива „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ остро ги осуди последните навреди од страна на Зоран Заев како и на Шилегов.
Тие во својот ФБ статус пишуваат: Заев не навреди нарекувајќи не’ бандити, Шилегов не’ нарече фашисти, а денес 100 илјади народ имаше по улиците на Македонија, гордо и достоинствено, со љубов за нашата заедничка држава.
Тој со платформи за парчење од кои како што гледаме не се откажува, плус со богато досие на суд, а нас не’ нарекува бандити и фашисти… Па нема толку навреди во речникот, колку што не’ има во одбрана на нашата заедничка земја.
Им благодариме од срце на сите граѓани кои вечерва низ цела држава излегоа да кажат каква Македонија сакаат и во каква земја веруваат.
Утре излегуваме уште помасовно, за да им пратиме најсилен одговор на оние кои не’ нарекуваат бандити и фашисти дека нема да им помине обидот љубовта кон татковината некој да ја нарекува фашизам.
Да живее заедничка Македонија!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тесна битка за градоначалник на Брвеница
-

Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
-

СДСМ: Мицкоски и Славески ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија, бараме одговорност
-

Тема на денот со Дафина Стојаноска, ВМРО-ДПМНЕ
-

Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат по насоки на нивните наредбодавци
-

Денес се избира градоначалник на Брвеница
-

ДИК: До 15ч излезноста во општина Брвеница е 40,49%
-

Втор круг претседателски избори во Бугарија
