„За заедничка Македонија“ со вонреден повик до граѓаните: Бидете на готовс и подготвени за секаква реакција

Граѓани на Република Македонија, бидете на готовс, подготвени за секаква реакција. Заедно, сложни, бројни, мудри и силни. Доаѓа времето за финалната победа. Денес СИТЕ пред Влада во пет. А ако треба И ПОРАНО, објавено е на официјалниот ФБ профил на Граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“.
ВАЖНО! ВАЖНО!
Имаме информација дека денес ќе се обидат насилно да изберат претседател, кршејќи го деловникот за работа на Собранието на Република Македонија. Наспроти барањето на стотици илјади граѓани да се отфрли тиранската платформа, тој срамен документ изготвен во туѓа држава, потписниците и поддржувачите ќе сакаат насилно да го спроведуваат.
За СДСМ е поважна власта од јазикот, името, знамето и носењето на земјата на патот кон федерализација. Така беше и во 93-та со името, 95-та со знамето, така беше и со референдумот 2004-та. Така е и денес. Спремни се да скршат деловник, закони и Устав, само за да дојдат на шверцерски начин на власт.
Граѓани на Република Македонија, бидете на готовс, подготвени за секаква реакција.
Заедно, сложни, бројни, мудри и силни. Доаѓа времето за финалната победа.
Денес СИТЕ пред Влада во пет. А ако треба И ПОРАНО.
Ново на Сител
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
