Македонија
31. May 2019 - 22:16

За ВМРО-ДПМНЕ обвинението за собраниските настани од 27 април е неосновано и правно неиздржано

Република Македонија доживува крах на сите полиња. Неуспехот на Владата на СДСМ кулминира со недобивањето на датумот за преговори кој Зоран Заев го прославуваше уште лани.

СДСМ и Зоран Заев во очај продолжуваат да ја покриваат неспособноста со политички прогон, селективна правда и демонстрирање на сила кон сите политички противници.

Покренатото обвинение за случајот со собраниските настани од 27 април е целосно неосновано, правно неиздржано и класична монтирана нарачка од Зоран Заев со која треба да се направи дефокус од неуспесите и коруптивните скандали на владата.

Зоран Заев е свесен дека државата тоне и владиниот криминал се покрива преку монтирани политички случаи каде што се гонат членови на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Заев се свесни за крајот на нивните политички кариери. СДСМ и Заев еден ден ќе одговараат за политичкиот прогон што го прават.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ