За утре закажана седница на Комисијата за надворешна политика

За утре во 11:30 е закажана седница на собраниската Комисија за надворешна политика, на која се очекува и присуство на министерот за надворешни работи Бујар Османи, информира денеска претседателот на Комисијата, Антонијо Милошоски.
– Од Османи е побарано да ги презентира во писмена форма одговорите коишто Македонија во декември минатата година ги дала до официјална Софија на нивниот т.н. план „5+1“, за да бидеме запознаени како пратеници за што се работи и дали таквите одговори се совпаѓаат и се во рамките на усвоената Декларација од македонското Собрание каде утврдивме заеднички национални позиции, изјави Милошоски, кој е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој се надева дека присуството на министерот ќе биде потврдено на утрешната собраниска Комисија.
– Очекувам да имаме интересна, занимлива, расправа на којашто очекувам да добиеме посериозни одговори околу процесот кој досега е обвиен со една доза на сомнеж за тоа колку транспарентно се преговара на релација Скопје – Софија, додаде Милошоски.
Министерството за надворешни работи во вторникот потврди дека Османи в петок ќе присуствува на седница на собраниската Комисија за надворешна политика.
Во однос на прашање за вклучувањето на Бугарите во Уставот, според Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ не смета дека „Уставот треба да биде монета за поткусурување во секое политичко недоразбирање“.
-ВМРО-ДПМНЕ не смета дека Уставот треба да биде монета за поткусурување во секое политичко недоразбирање со кој било од соседите и сметаме дека по тоа прашање треба да бидеме поконвенционални, да размислиме посериозно и да не брзаме со какви било ветувања коишто гледаме дека премиерот Ковачевски многу прелесно ги дава, а со тоа можеби свесно или несвесно не разбира дека ги нарушува преговарачките позиции на Македонија, додаде Милошоски.
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
