-->
-->
За Турците Хакан Шукур не постоел?!
-->

Турскиот фудбалски сојуз ги отстранил сите документи и материјали кои се поврзани со поранешниот фудбалски репрезентативец Хакан Шукур, за кого после обидот за државен удар во Турција е распишана потерница и е издаден налог за апсење, пренесуваат светските агенции.
Според извори од турскиот фудбалски сојуз, во комплексот на националната репрезентација „Хасан Доган“ во Истанбул се отстранети сите фотографии на Шукур. Во музејот, пак, каде се изложени сите фотографии на репрезентативците на турскиот национален тим, повеќе нема фотографии од познатиот турски фудбалер.
И фудбалскиот клуб Галатасарај, за кој Шукур одигра 392 натпревари и постигна 228 голови, покрена постапка за остранување на податоците за Шукур од клубот. Името на Шукур е отстрането и од плочата во турскиот град Едирне, пренесува Анадолија.
Градот Едирне, кој се наоѓа на западот на Турција, во 2012-та година покрена проект со кој беше одредена плоча во центарот на градот каде што се напишани имињата на најдобрите играчи на четирите големи турски клубови – Фенербахче, Галатасарај, Бешикташ и Трабзонспор. На плочата се наоѓаше и името на Шукур, но со одлуката на градските власти, тоа било отстрането во средата.
Во рамките на истрагата против организацијата ФЕТО, за која се смета дека е одговорна за обидот за државен удар во Турција на 15-ти јули, беше уапсен и таткото на Шукур, Селмет Шукур. Претходно, пак, беше објавено дека турските власти издале налог за апсење на Шукур поради поврзаност со протераниот проповедник Фетула Ѓулен, кој се товари за организација на минатомесечниот државен удар.
Поранешниот турски фудбалер, пак, во налогот за апсење се товари за „членство во вооружена терористичка организација“. Турскиот суд исто така наредил и запленување на целиот имот на Шукур и неговото семејство. Хакан Шукур, кој наводно ја напуштил Турција минатата година, за време на фудбалската кариера играше за неколку европски клубови и беше најдобриот стрелец на турската репрезентација во меѓународните натпреварувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
