За три дена 300 вакцинирани против сезонски грип во Кавадарци
За три дена од стартот на вакцинирањето против сезонски грип во Кавадарци, 300 лица примиле вакцини во Центарот за јавно здравје, јајголем дел од нив, хронично болни.
- За почеток обезбедивме 720 вакцини против сезонски грип, но ќе обезбедиме и дополнителни вакцини доколку има потреба од тоа, со оглед на тоа што лани беа вакцинирани 810 лица, соопшти утринава Ристе Јовановски, епидемиолог во Центарот.
Тој посочи дека за вакцина се заинтересирани лица од различни возрасти, но најмногу тие над 65 годишна возраст и хроничните болни.
- Оваа вакцина е препорачлива за срцево и бубрежно болни, дијабетичари, лица со белодровни заболувања и хронични болни, но би било потребно да ја примат и шалтерски работници и лица кои работат во јавни служби, нагласи Јовановски. Препорача до сите граѓани, овој период да избегнуваат групни собирања во затворени простории, а во домашни услови, често да проветруваат и да имаат пригодно загревање. Рече дека вакцинираните се 90 отсто заштитени од заболувања од сезонски грип.
Ново на Сител
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри
-
ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес
-
Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај
-
Синдикатот на просветни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното
-
Неексплодирана рачна бомба пронајдена на улица во Демир Капија