За ревакцинација на граѓаните кои се вакцинираа со АстраЗенека во Србија дополнително ќе се одлучува, рече Филипче
Во денешната изјава за медиуми министерот д-р Венко Филипче информираше дека за сите граѓани кои ја примија вакцината на Астра Зенека во Србија, доколку почувствуваат некакви симптоми најдобро е да се јават на контола и преглед кај лекар, а за ревакцинацијата на овие лица дополнително ќе се одлучува врз основа на насоките од националните светски агенции.
"Во однос на претпазливост кај тие што веќе добија една доза на вакцина на Астра Зенека, тоа се луѓето коишто се вакцинираа со оваа вакцина во Србија нема никакви препораки за било каква претпазливост освен да ако имаат некакви симптоми се јават на контрола и преглед кај лекар а во однос на ревакцината со оглед на тоа што треба да дојде за период од некои 3 месеци, засега нема некој став, ќе ги пратиме и насоките и од ЕМА и од други национални агенции и во текот на следниот период ќе завземеме став и во однос на ова прашање."- кажа министерот Филипче.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата