Фудбал
12. November 2017 - 17:59

За првпат победа на Палермо без погодок на Несторовски

Илија Несторовски не настапи за македонската фудбалска репрезентација во дуелот со Норвешка за да му помогне на Палермо на тешкото гостување во Кремона каде гостите славеа со 2-1 против домашниот Кремонезе. Нашиот интернационалец не успеа овојпат да се запише во листата на стрелците а  тренерот на Палермо се одлучи да го повлече од игра во судиското надополнување за да се потроши времето. Рисполи и Бугаринот Чочев беа стрелците на головите. Со оваа победа тимот на Несторовски се искачи на врвот на табелата во Серија Б и ја продолжува битката за кам-бек во елитата. 

Ова е прва победа на Палермо сезонава во која Несторовски не постигнал гол, а прекината е и серијата од три натпревари по ред на кои Македонецот се запиша во листата на стрелци.
 
Табела: Палермо 25, Фросиноне 24, Венеција 24, Парма 23, Кремонезе 21